Реиши

Биолошко активни компоненти, употреба и делување на Ganoderma lucidum

Реиши медицинската габа во човековиот организам, може да придонесе за следниве состојби

  • Подобрување и поттикнувањена функцијата на дигестивниот систем 
  • Подобрување и поттикнување на  имунолошкиот систем
  • Подобрување при состојба на атеросклероза
  • Подобрување на функцијата на ендокринолошкиот систем
  • Подобрување на состојби при алергиските реакции
  • Подобрување на функцијата на  нервниот систем
  • Подобрување при воспалителни состојби
  • Помага во спречување на ангиогенеза
  • Помага при регулирање на крвниот притисок

                      

                 950.00 ден. КУПИ                                      2.250,00 ден КУПИ                                5.500,00 ден  КУПИ                             12.800,00 ден  КУПИ

Ganoderma lucidum (Реиши) е една од најпознатите видови на медицински габи Реиши медицинската габа е едно од богатствата на медицината. Со фармацевтски студии и клинички истражувања докажано е дека редовно користење на Реиши медицинската габа, може да придонесе во спречување и надминување на многу пореметувања на здравствената состојба ,,подобрувајќи го функционирањето на имунолошкиот, нервниот, ендокриниот и кардиоваскуларниот систем, како и придонесувајќи во подобрување и продолжување на животот.(Zhi Bin Lin MD 2009)

Силен имунолошкиот систем е прв важен услов за здравјето на човекот. Многу болести настапуваат со слабеењето на имунолошкиот систем, се нарушува рамнотежата во организмот и се создаваат услови за развивање на разни болести, протеинот Ling Zhi-8, изолиран од медицинската габа Ganoderma lucidum придонесува за имуномодулаторно зајакнување и модулирањето на имунолошкиот систем, што е клучна способност на Реиши медицинската габа. Постојат значајни докази за поддршка на имуностимулирачките активности на Реиши габата преку поттикнувањето на цитокините и подобрување на имунолошката активност (Wang et al.1997;Zhu and Lin 2006)

Плодното тело на Реиши габата, било користено уште од античко време за третман на повеќе болести, вклучувајки: хепатитис, артритис, нефритис, бронхитис, астма, атеросклероза, хипертензија, рак и гастричен улкус.

Протеините кои се наоѓаат во Реиши габата ги содржат сите амино киселини и посебно се богати со леуцин (leucine) и лисин (lysine). Ниската содржина на масти и високото количество на незаситени масни киселини, како и соодносот на масните киселини во Реиши габата, ја вбројуваат во медицинска габа, корисна за здравјето на човекот. (Chang and Buswell 1996; Borchers et al. 1999; Sanodiya et al. 2009). Модерните истражувања само ги потврдиja традиционалните знаења и ги објавијамедицинските ефекти на екстрактот од Ganoderma lucidum, како што се: имуномодулаторно, антиоксидативно, антитуморно, антимикробно, кардиоваскуларно, антиалергено, хепатопротективно, антидијабетично итн.

Поради честата појава на отпорност кон комерцијалните антибиотици и антимикотици, поради долгорочна и неконтролирана употреба, микроорганизмите претставуваат глобално здравјe. Yamaç и Bilgili (2006) истакнаа дека габите синтетизираат различни антибактериски, антифунгални и антивирални супстанци, кои може да се прочистат и применат во клиничката пракса. Видовите на родот Ganoderma произведуваат бројни интра и екстраклеточни соединенија со антимикробен потенцијал. Главни носители на потентноста и биоактивноста се полисахаридите, тритерпените, пектините, протеините, ензимите и есенцијалните масла, а нивниот капацитет зависи од начинот на нивна екстракција и методите на прочистување.

Полисахаридите, пептоглуканите и тритерпеноидите се 3-те главни активни компоненти во Реиши габата (Boh et al. 2007; Zhou et al. 2007). Двете најизразени активни компоненти кои се претпоставува дека се главни носители на потентноста на Реиши меицинската габа се полисахаридите и тритерпеноидите.

Тие се наоѓаат во Реиши габата во следниот процентен состав, полисахариди (1,1 – 5,7%) и тритерпеноиди ( 7,8 %) (Chang and Buswell 2008), додека во мелените спори од Реиши габата се наоѓаат во далеку поголема концентрација. Во моментот, огромното присуство на слободни радикали во животната средина доведува до оксидација на биолошки молекули и промена на нивната функција, како и до пероксидација на клеточните мембрани, чии последици се клеточна смрт и појава на различни деструктивни заболувања, првенствено канцер и кардиоваскуларни заболувања.

Зголемената свест дека комерцијалните антиоксиданси и цитостатици предизвикуваат бројни несакани ефекти, го зголеми вниманието кон изнаоѓање природни извори на антиоксиданси за превенција од болести, како и за конзервирање на храната и зачувување на нејзиниот рок на траење.

Екстракти од многу габи биле изучувани со цел да се открие нивниот значаен антиоксидативен потенцијал. Разни екстракти на Ganoderma lucidum имаат силни антиоксидативни својства кои може да се препишат на присуството на полисахариди, пептиди, полисахарид-пептид комплекс и фенолни соединенија.

Денес болести со највисока стапка на смртност во човечката популација се различни типови на рак, бидејки конвенционалната терапија или дава задоволителни резултати само во лекување на рани фази на развој или не е ефикаснa за некои типови на рак.

Затоа алтернативните терапевтски пристапи во третманот на напредната фаза на рак привлекува големо внимание. Соединенија одговорни за оваа активност се полисахаридите кои ја регулираат експресијата на канцер гените и го зајакнуваат имунолошкиот систем преку пролиферација на лимфоцитите и стимулација на природните клетки убијци, како и тритерпените кои вршат супресија на пролиферација на канцер клетките преку апоптоза и спречување на клеточниот циклус.

Поради овие здравствени придобивки, Ganoderma lucidum стана популарен додаток во исхраната со годишна глобална пазарна вредност. Исто така тритерпените наречени ганодермни киселини помагаат во ублажувањето на алергиите на тој начин што инхибираат ослободување на хистамин, го подобруваат искористувањето на кислород и ја подобруваат функцијата на црниот дроб. Ганодермните киселини го намалуваат крвниот притисок делувајки релаксирачки на вегетативниот нервен систем, како и липопротеините со ниска густина (LDL) и нивоата на триглицериди. Овие специфични тритерпени исто така помагаат во намалување на кумулацијата на тромбоцитите во крвните садови што е важен фактор во намалување на ризикот за коронарна артериска болест.

Здрав имунолошкиот систем може да се избори со малигните клетки., Т-клетките од човековиот организам можат да ги уништат клетките на ракот целосно и да го ослабат нивното делувањето врз здравите клетки. Озможувајки им на нормалните (здрави) клетки на имунолошкиот систем да ги препознаат и уништат сличните токсични супстанции – предизвикувачи на рак. Реиши помага во спречување на ангиогенезата (развој и раст на крвните садови кои го хранат ракот).

Органски Германиум(Ge)- Студии се објавени во списанието за истражување на интерферонот (Journal of Interferon Research) дека германиумот ја враќа нормалната функција на Т и В лимфоцитите, директно стимулирајки ја продукцијата на интерферонот. Интерферонот е многу силен антиканцероген агенс кој го стимулира растот и созревањето на NK клетките (природни клетки убијци) во организмот, од кои се развиваат антитела, со самото тоа се развиваат и антитела за борба против канцерогените клетки.

Реиши габата содржи голема количина на органски германиум дури и до 2000 ppm што е за 4-6 пати повеќе отколку женшенот. Германиумот се наоѓа и во други растенија освен во женшенот, се наоѓа и во алоето и белиот лук (Mino et al.1980).

Реиши габата може да содржи до 72 μg/g селен (Se)( Falandysz 2008) и може да трансформира 20–30% од неорганскиот селен кој се наоѓа во супстратот за раст во протеини кои содржат селен (Du et al. 2008).

На медицината одамна и се познати позитивните ефекти на селенот. Тој е потврден како важна супстанца во борба против тумори и рак, како и против ХИВ, но и други сериозни заболувања.Селенот делува како антиоксиданс против слободните радикали кои ја оштетуваат нашата ДНК. Во комбинација со витамин C и E, претставува заштита од инфекции и стареење. Ја подобрува работата на црниот дроб, обезбедува заштита од срцеви заболувања, таложење на маснотии и токсини, го неутрализира алкохолот и последиците од пушењето. Ја подобрува потенцијата и сексуалната моќ кај мажите, ја подобрува состојбата на косата, кожата и очите.Го абсорбира вишокот на сребро во организмот.

Реиши медицинската габа содржи повеќе ензими како што се лаказа,манган пероксидаза, лигнин пероксидаза, протеази, супероксиддисмутази – SOD. Со најизразена потентност е ЅОD, кој го забавува процесот на стареење и делува како антиоксидантна одбрана на сите клетки кои се изложени на влијанието на слободните кислородни радикали

Овие активни компоненти докажано ги зајакнуваат имунолошките клетки, а со тоа и целиот имунолошки систем.

 

ЛистаМрежа
Прикажи:
Сортирај по:
Органски зелен чај со Реиши
25 кесички Во 100% органски зелен чај додадовме сертифициран екстракт од медицинска печурка ..
390 MKD
без ДДВ: 371 MKD
Реиши Софтгел 60х500мг
Реиши Софтгел. Маслен екстракт од спори на Реиши. Најмоќен сојузник во борба против ракот, по..
12.800 MKD
без ДДВ: 12.190 MKD
Ганоекстра 60x400mg
ГаноЕкстра. Ултра екстракт од печурка Реиши (Ganoderma Lucidum) изобилува со полисахариди и преку..
5.500 MKD
без ДДВ: 5.238 MKD
Реиши мелени спори 90х250мг
Спори се всушност семето на Реиши. Во спорите се наоѓа огромната моќ на оваа чудесна печурка. Спо..
2.250 MKD
без ДДВ: 2.143 MKD
Реиши Full Spectrum 90X250mg
Биолошко активни компоненти, употреба и делување на Ganoderma lucidum Реиши медицинската габа во ..
950 MKD
без ДДВ: 905 MKD

ПРОДИМЕД ДИЕТА

Дајте им ОТКАЗ на килограмите

Дали сте спремни да почнете да водите поздрав живот? Дали сакате конечно да се ослободите од вишокот килограми? PRODIMED ви нуди уникатна, ефективна и брза програма, во која ќе губите килограми на здрав и одговорен начин. Клучот на успешноста е пријателската, лична поддршка од нашите доктори и нутриционисти. Комбинирано со докажаната програма за слабеење, врвните резултати не можат да изостанат.

повеќе..

Контакт

  • 070 221 222
  • dr.robinson.mk@gmail.com

Facebook

Dr. Robinson Health Club © 2019. UKION SHOPS